Од своето основање во 1993 година па се до денес Неон Плус од Струмица прераснува во компанија препознатлива по својата дејност продажба на светлечки тела на големо и мало, не само во регионов, туку и во целата Република.
Пратејки ги најновите трендови во осветлувањето,секогаш се трудиме светските брендови да ги направиме достапни до вас, до вашите домови или деловни простории.
Располагаме со светилки за внатрешно и надворешно осветлување, вклучително и новата LED технологија.Кај нас може да се најдат многу познати брендови како што се Foscarini, Ideal Lux, Avonni, Rabalux, EGLO, Ozcan и многу други.
Исто така кај нас може да се најдат уникатни лустери и други светлечки тела со докажан квалитет и сертификат за европски пазар кои НЕОН ПЛУС веќе долго време ги увезува од Турција,Кина и Бугарија.
Освен фантастично осветлување во нашите продавници може да очекувате беспрекорна услуга, стручни совети и едукација за тоа како најдобро да се осветли просторот на кој му треба осветлување.