Правилно позиционирање на вашето осветлување.


Зошто е важно правилното позиционирање на осветлувањето ?

Во текот на нашето долгогодишно постоење и искуство еден од најчестите предизвици кои ги имаме ние и нашите клиенти е правилното позиционирање на осветлувањето во вашиот дом.
Постојат повеќе критериуми кои треба да се исполнат при планирање на вашето осветлување во зависност од тоа која е вашата цел и што сакате да постигнете во вашиот простор.

Ние ви посочуваме 3 главни критериуми :

  • Функционалност – доволно осветлување на просторот
  • Естетика – да се вклопува перфектно во стилот и дизајнот
  • Практичност – лесно оддржување на вашите светилки

Како до правилно позиционирање на вашето осветлување ?

Една од клучните работи за правилно да го позиционирате вашето осветлување е навременото ПЛАНИРАЊЕ на вашиот простор. Се препорачува уште во најраната фаза пред да почнете да градите или реновирате, согласно намената на просторијата, да ја направите вашата електро-инсталација, за да ги избегнете сите грешки кои најчесто ги правиме.


За тоа каде и како треба да бидат поставени вашите главни и помошни светилки во зависност од функцијата на просторот можете да разгледате во продолжение на нашиот блог пост.

1.Осветлување на дневен простор

2.Осветлување на терпезарија

3.Осветлување на остров/шанк

4.Осветлување на спална соба

5.Осветлување на ходник/галерија

6.Осветлување на тоалет/купатило


Почитувани тоа би било се за овој блог пост,мило ни е доколку ви помогнавме на било кој начин, а доколку имате повеќе прашања,повелете во нашите продавници за дополнителни и бесплатни консултации.


овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови: лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalici, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica, osvetluvanje, dnevna soba, terpezarija, spalna, kujna

Разубавете го вашиот дом со LED лента

Како да го направите вашиот дом поелегантен и поубав користејки само ЛЕД лента ?

Уредувањето на некои домови знае да биде апсолутно извонредно и фантастично.Истото може да го постигнете и вие со користење на веќе добро познатата ЛЕД лента. Во зависност од тоа како и каде ќе ја поставите ЛЕД лентата ќе можете да го направите вашиот дом да изгледа професионално и елегантно.

Еве неколку идеи како можете да го постигнете тоа,на вас останува да ги следите нашите совети или користете ја вашата креативност да добиете уште подобри резултати.

1.Погледнете под висечките елементи во кујната

Имате кујна ? Секако дека имате и таа е една од најкористените соби во вашиот дом после дневната и спалната соба. Зошто да немате вградено светло кое не само што ќе ја направи кујната да изгледа многу по елегантно туку истовремено ќе добиете и помошно светло при вршење на работа во кујната ? Многу е едноставно само залепете или вградете лед лента по цела должина на висечките кабинети во вашата кујна и ќе добиете прекрасен ефект со минимален трошок. Доколку планирате да ставите лед лента и над вашиот водник препорачуваме да ставите водоотпорна или силиконска лед лента поради заштита од вода. Исто така доколку имате остров во кујната ставете лед лента по неговите рабови и драстично ќе го промените изгледот на целиот тој простор.

За повеќе идеи како да вградите лед лента во вашата кујна кликнете овде.

лед лента кујна

2. Таванско скриено светло

Можеме да кажеме дека користењето на ЛЕД лента за осветлување на  декоративни тавани е најзастапено насекаде во светот. Едноставноста на поврзувањето и флексибилноста на самите лед ленти се дел од причините зошто е тоа така и плус да не заборавиме дека таванот изгледа фантастично. Освен што ке додадете друга димензија во вашиот простор истовремено добивате и прекрасно атмосферско осветлување за кога сакате да се релаксирате и одмарате. Можете да ставите еднобојна лед лента или доколку сакате изберете РГБ лед лента која ги менува боите заедно со контролер и менувајте ги боите во зависност од вашето расположение.

За повеќе идеи како да вградите лед лента на вашиот таван кликнете овде.

скриено светло

3.Лед лента зад вашиот телевизор

Земено во обзир колку време поминуваме пред нашите ТВ екрани,било да е во дневната,спална,детска соба добро е да имаме вградено лед лента позади самиот телевизор.Зошто ???
ЛЕД лентата ќе додаде кул екстравагантен изглед во вашата просторија и ќе ги заштити нашите очи.Да, гледањето на ТВ подолго време во темна или во соба каде што има малку светлина штети на видот. Дали сте приметиле по подолго гледање на вашата омилена серија или филм во темна соба ви изгледа дека ТВ екранот пропаѓа во ѕидот ? Или дека  по долго гледање во темница кога ке ги светнете вашите светлики на вашите очи им треба неколку секунди да се прилагодат при што кај  некои може да се појават главоболки,вртоглавица и сл. Па поради тоа ве советуваме да ставете констатно амбиентално светло позади ТВ со едноставно вградување на ЛЕД лентата.

За повеќе идеи како да вградите лед лента позади вашиот ТВ кликнете овде.

лента ТВ

4. Одбележување на декоративни панели или фигури на вашиот ѕид

Доколку не сакате или не планирате да вградувате силно лед осветлување на целиот ѕид или вашиот таван можеби најдобро е да размислите за дискретно освтелување на делови од вашиот ѕид или форми доколку ги имате на него. Се што треба да направите е претходно да испланирате и оставите простор позади фигурите или декоративните панели кои ги имате за ставање на лед лента. Едноставно решение со кое ќе добиете апсолутно прекрасни резултати.

За повеќе идеи како да го направите вашиот ѕид со лед лента кликнете овде.

лед ѕидови

5.Правилно поврзување

Без разлика дали ќе се одлучите да вградите лед лента во вашите домови или некое друго осветлување,речиси секогаш го имаме  проблемот со кабли и жици.Постојат повеќе решенија за овој проблем како убаво планирање каде и како ќе ги скриеме или пак да се определите за еден вид конектори или декоративни приклучоци кои каблите ке ги претворат во детал кој се вклопува во вашиот простор.

Сега кога ги имате нашите предлози како да го направите вашиот дом поубав и поелегантен со користење само на лед лента се надеваме дека ке ги следите советите и ке се одлучите да вградите лед лента по примерите кои ги имаме  дадено или пак уште подобро икористете ја вашата имагинација и креативност и експериментирајте со лед лентата па може ке добиете уште подобри резултати.

овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови:ЛЕД лента, led lenta, дизајн,лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalici, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica, se za doma, osvetluvanje, dnevna soba, terpezarija, spalna, kujna, dizajn.

Трендови што ќе доминираат во осветлувањето за 2017-та.

Ако мислите дека трендовите за осветлување најчесто се краткотрајни, или пак, имаат тенденција да бидат премногу чудни и не вреди да се инвестира во нив, размислете повторно. Тредновите не служат само како показател на што е модерно во светот на осветлувањето, но и како треба да се имплеметнираат со користење на нашата креативност и иновативноста во дизајнот. Како што навлеговме во 2017 година, имаме актуелни трендови за осветлување со кој ќе ви помогнеме да го одбележите дизајнот на вашиот дом, вклучувајки го најдоброто што е на располагање во светот на осветлувањето.

1. Винтаж и индустриски лустери

Внатрешното осветлување со индустриски и винтаж стил е веќе во мода подолго време и е популарно како никогаш до сега, па се очекува овој тренд да продолжи и во 2017 година. Се користат индустриски тела кои се дизајнирани да се рефлекрира светлината во надолна насока, Винтаж лустери направени од метал, дрво, јаже и дури некои брендови нудат лустери од бетон.Овој тренд може лесно да се вклопи во модерниот и современиот стил, и да изгледа преубаво во вашиот дом.

ozvin4.png

2. Се враќа модерниот стил

Во оваа година се навраќаме на модерниот стил и неговите прави линии и смирувачки, минималистички форми. Познатите светски дизајнери велат дека, трендот на модерниот дизајн од 20тиот век се уште силно се употребува. Една од подобрите работи на модерниот дизајн од 20-тиот век е што модерните осветлувачки тела се безвременски и покрај другите стилови, не исчезнуваат.

33332222123edidieidied

3. Минималистички ЛЕД лустери

Средините со модерен и современ дизајн естетски имаат единсветни барања кога е во прашање осветлувањето. Ако овој стил е вашиот избор, тогаш ќе ви се допаднат новите трендови во ЛЕД осветлувањето. Водечките компании кои сакаат да ја заштедат енергијата, бираат ЛЕД осветлување во комбинација со модерниот стил за нивните простории. Ова е особено важен тренд, како што е и клучен показател кон правецот по кој се движи иднината за осветлувачки дизајн.

eglmodn.png

4. Луксузирајте се со злато !

Дизајнерите за осветлување и нивните клиенти ја заживеаја нивната љубовна врска со златото. Ќе се забавувате со златниот изглед кој нуди топлина и длабочина во вашиот дом. Добрата работа за златото во внатрешниот дизајн е што може да се меша и со други метали, како што се сребро и бронза, со кои ќе се добие совршен, слоевит изглед. Производителите на осветлување навистина се впуштаат во златните декорации, па знаете дека ќе имате преголем избор за вашиот дом.

“Златото не бега никаде. Всушност сега е побаран од било кога. Среброто не е во мода. Овој тренд ќе трае 7-10 години, па почнете да инвестирате сега.” – Гери, светски познат внатрешен дизајнер.

HTB1k6mkOpXXXXXUXVXXq6xXFXXXQ

5. Не заборавајте ги штековите и прекидачите

Доколку во моментов не обрнувате внимание на штековите или прекидачите, тие имаат клучна улога во дизајнот на вашиот дом. Со нивна помош може на суптилен начин или драматично да се охрабри дизајнот на вашиот дом.  Трендот моментално е минималистички и впуштете се кон бели, сиви, или хром штекови со кои ќе се диктира софистицираност.

Untitled

овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови: дизајн,лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalici, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica, se za doma, osvetluvanje, dnevna soba, terpezarija, spalna, kujna, dizajn.

7 грешки кои ги правиме при осветлување на нашиот дом

Ајде дома да погледнеме на грешките кои ги имаме направено при осветлувањето. Не, немојте да се чувствувате виновни, не сте единствени! Ние, Неон Плус, како компанија секогаш се грижиме осветлувањето да биде совшено во секој простор. Со тоа на ум, Ви ги издвојуваме 7-те најчести грешки кои ги правиме при осветлувањето на нашиот дом, и секако да внимаваме во иднина тие да не ги правиме.

1.Имаме само 1 извор на светлина во собата.

Само еден главен лустер во соба не е лошо, но за подобрување на амбиентот, но и за подобрување на светлината во собата, понекогаш е потребно да ставите ѕидни ламби, подни или пак столни ламби, во зависност од тоа што ви дозволува просторот.

1783a70144534634f97a22a8ba685e5d

2.Ги користиме најјаките и најсилни сијалици што ги има во продавницата

Понекогаш сакајќи да ја подобриме светлината инверстираме во лустер со повеќе сијалици, како на пример на лустер со 5 грла се ставаат само три сијалици, но со најголемата јачина. Тоа најчесто е голема грешка. И доколку прашате некој дизајнер на ентериер, 90% од нив би го рекле истото. Доволно е да се стават сијалици која ја имитираат дневната светлина која влегува во една просторија, и ништо повеќе.Исто така јаките сијалици можат да го оштетат вашиот лустер т.е да се стопат фасонките од преголема топлина која ја испушта сијалицата.

2015-Bright-Bulb-Awards

3.Не размислуваме за ватажата на сијалиците кои ги купуваме.

Секогаш, имајте ја во обзир ватажата на сијалиците кои ги бирате !
Драстично можете да ја намалите сметката за електрична енергија и затоа се повеќе луѓе се одлучуваат за ЛЕД сијалици и исто така со послаби сијалици да направите подобра атмосфера и амбиент во вашиот простор.

4.Премногу вградено светло

За повеќето од нас со ставање на вградени светлечки тела е решение за многу проблеми, како за лесно одржување на осветлението (читај, НИКАКВО одржување), или за подобар амбиент на просторијата. Но, многу светски познати дизајнери и архитекти се противаат на овој принцип на осветлување. Ставете барем еден висечки лустер над вашата трпезариска или клуб маса и ке го промените ликот на просторот драстично!

4327bcac57f7fdc33302a10d8e620f71

5.Не користење на потенциометри (Dimmers)

Dimmer-ите или потенциометрите се една од најфантастичните работи поврзани со осветлувањето.Со него се регулира јачината на светлината во еден простор и секако се променува светлото за разлика од потребата или од тоа како сте расположени,послабо светло за поинтимна атмосфера или посилно кога е потребно повеќе светло во одредени моменти.

e2846da784114f0a24c72d66494d3840

6.Ставање на прекидачите на незгодни места.

Последно нешто што го сакаме е прекидачите за нашите лустери или друга расвета да бидат ставени на тешко достапни места затоа најдобро е уште на почеток на градење или реновирање добро да се планира нивната локација.Исто така се препорачува прекидачите да не се стават на ѕидови кои ќе бидат изфарбани во светла боја бидејќи при нивно користење најчесто се валкаат ѕидовите и изгледа непријатно во една просторија.

image-by-nadine-muller

7.Заборавање на гардароберот

Едно од клучните места во нашиот дом кој речиси секогаш го забораваме да го осветлиме е просторот каде што стои нашата облека при што често го имаме проблемот да го најдеме нашето омилено парче кое би го облекле.
Наша препорака е да инсталирате светло кое автоматски се пали кога ке го отворите гардароберот, односно расветно тело со сензор или пак со едноставно инсталирање на лед лента во вашиот гардаробер.

gardaroberosv

 

Тоа е се од новиот блог пост,доколку ви се допаднаа нашите предлози и совети слободно споделете ги со вашите пријатели на социјалните мрежи и очекувајте нов блог пост наредната недела.

 

овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови: лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalici, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica, se za doma, osvetluvanje, dnevna soba, terpezarija, spalna, kujna

 

5 нешта кои треба да ги знаете пред да купите LED светилки.

Сега кога веќе прегоруваат вашите обични или штедливи (неонски) светилки треба да размислувате да ги промените со LED сијалици.

LED сијалиците се познати по тоа што имаат неверојатно долга трајност и се нај економски исплативи сијалици што постојат. Во изминатите години LED сијалиците имаат напреднато повеќе од било кој друг вид на осветлување во светот и секако се моментално најпродавани светилки на пазарот и тоа не само кај нас туку и во целиот свет. Но пред да се одлучите за вградување на LED светла во вашиот дом најдобро е да ги знаете овие 5 нешта за LED сијалиците.

1. Лумени,а не вати !!!

Заборавете се што знаете за обичните или неонските светилки, ватажата кај LED сијалиците е речиси НЕБИТНА.

Досега кога купувате сијалици секако првата работа што Ве интересира е нивната ватажа (јачина и потрошувачка), но кај LED сијалиците јачината на светлината се интрепретира на сосема друг начин. Спротивно од општото мислење ватажата не е показател за јачина на светлина туку е показател на потрошувачката на електрична енергија која ја конзумира вашата сијалица. На пример да споредиме една обична сијалица што дава светлина и троши 60w истата светлина од LED сијалица ќе ја добиете ако одберете светилка која троши од 8-10w во зависност од прозводителот и брендот на сијалицата, но за да не мора се да пресметувате кога ќе купувате LED сијалици едноставно прашајте или побарајте од продавачот колку ЛУМЕНИ има сијалицата која ви ја нудат. Лумените (lm) е реалната мерка за тоа колку светлина дава сијалицата и тоа е се што треба да ве интересира!

Еве една табела според која може да се ориентирате во пресметката вати во лумени:%d0%bb%d1%83%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%81ntitled

2. Изберете ја правилната боја на светлина

Обичните сијалици се знае имаат топло жолта боја на светлина, кај LED сијалиците имате можност да изберете каква боја сакате за вашиот простор.

Како што напоменавме со LED светилките можете да изберете различна боја на светлината во вашиот простор. За вашиот дом најчесто се избираат популарните топла бела, дневна бела и ладна бела светлина. Бојата на светлината на сијалиците се мери во Келвини и колку пониска е вредноста толку пожолто свети, а колку е повисока свети поладно бело. Еве една фотографија на која јасно се гледаат нијансите на најпопуларните бои на светлина кај сијалиците.

color-temperature-format

3. Ќе платите поскапо за LED сијалици одколку за обични.

LED сијалиците се како хибридна кола, поефтини кога ги користите, но поскапи однапред од обичните коли.

Доколку се решите да купите и ги промените сијалиците во вашиот дом не може да очекувате дека веднаш ќе заштедите вреќа пари туку гледајте на тоа како долгорочна инвестиција. Да, LED светилките се поскапи, но за среќа големата конкуренција на пазарот за осветлување доведе до снижување на цените на LED сијалиците која ги прави достапни речиси за сите.

LED светилките ќе се исплатат во тоа бидете уверени! Во меѓувреме уживајте во долготрајноста на сијалиците, во пониските цени за електрична енергија доколку ставите LED во целиот ваш дом или деловна просторија. Со помош на тоа, ги заштитувате Вашите лустери со користење на LED сијалици кои не емитуваат голема топлина.

4.Постојат и dimmable LED сијалици

Поради изработката на струјните кола во самите сијалици, не сите LED сијалици работат на потенциометар, но постојат и такви за кои мора да се нагласи доколку сакате така да ги користите.

Повеќето потенциометри (Димери) на нашиот простор се направени и дизајнирани да се користат со обични сијалици, но тоа веќе нема да е проблем при користењето LED сијалици на вашите лустери. Се што треба да направите е да побарате Dimmable LED светилки или да побарате потенциометар кој е направен за користење на LED сијалици.

light-dimmer-switch

5. Не сите светлечки тела треба да работат со LED сијалици !

Како што е познато LED сијалиците не греат кога работат туку се ладни светилки, но тоа е само делумно точно. LED сијалиците се загреваат, но поради систем кој е вграден во дното на сијалицата топлината се извлекува надвор и така самата сијалица останува ладна.
Токму заради тоа, не сите лустери или светлечки тела треба да се со LED сијалици и заради тоа може да не траат долго време. Нив не треба да ги користиме во целосно затворени лустери или други расветни тела поради самиот факт дека доколку се користат во целосни затворени тела нема каде да оди топлината која се испушта од самата сијалица и таа и наштетува на LED светилката и придонесува до побрзо оштетување на сијалицата.
Затоа добро планирајте во што ќе ставите LED осветлување за да не се соочите со вакви проблеми.

Се надеваме дека овој текст ќе ви помогне правилно да изберете ЛЕД осветлување за вашиот простор. Следете не за повеќе стручни и ефикасни совети како најдобро да го постигнете тоа што го сакате во врска со осветлувањето и слободно споделете ги нашите текстови со вашите пријатели на социјалните мрежи.

 

овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови: лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalicki, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica,