Како да го направите вашиот дом поелегантен и поубав користејки само ЛЕД лента ?
Уредувањето на некои домови знае да биде апсолутно извонредно и фантастично.Истото може да го постигнете и вие со користење на веќе добро познатата ЛЕД лента. Во зависност од тоа како и каде ќе ја поставите ЛЕД лентата ќе можете да го направите вашиот дом да изгледа професионално и елегантно.
Еве неколку идеи како можете да го постигнете тоа,на вас останува да ги следите нашите совети или користете ја вашата креативност да добиете уште подобри резултати.
1.Погледнете под висечките елементи во кујната
Имате кујна ? Секако дека имате и таа е една од најкористените соби во вашиот дом после дневната и спалната соба. Зошто да немате вградено светло кое не само што ќе ја направи кујната да изгледа многу по елегантно туку истовремено ќе добиете и помошно светло при вршење на работа во кујната ? Многу е едноставно само залепете или вградете лед лента по цела должина на висечките кабинети во вашата кујна и ќе добиете прекрасен ефект со минимален трошок. Доколку планирате да ставите лед лента и над вашиот водник препорачуваме да ставите водоотпорна или силиконска лед лента поради заштита од вода. Исто така доколку имате остров во кујната ставете лед лента по неговите рабови и драстично ќе го промените изгледот на целиот тој простор.
За повеќе идеи како да вградите лед лента во вашата кујна кликнете овде.

2. Таванско скриено светло
Можеме да кажеме дека користењето на ЛЕД лента за осветлување на декоративни тавани е најзастапено насекаде во светот. Едноставноста на поврзувањето и флексибилноста на самите лед ленти се дел од причините зошто е тоа така и плус да не заборавиме дека таванот изгледа фантастично. Освен што ке додадете друга димензија во вашиот простор истовремено добивате и прекрасно атмосферско осветлување за кога сакате да се релаксирате и одмарате. Можете да ставите еднобојна лед лента или доколку сакате изберете РГБ лед лента која ги менува боите заедно со контролер и менувајте ги боите во зависност од вашето расположение.
За повеќе идеи како да вградите лед лента на вашиот таван кликнете овде.

3.Лед лента зад вашиот телевизор
Земено во обзир колку време поминуваме пред нашите ТВ екрани,било да е во дневната,спална,детска соба добро е да имаме вградено лед лента позади самиот телевизор.Зошто ???
ЛЕД лентата ќе додаде кул екстравагантен изглед во вашата просторија и ќе ги заштити нашите очи.Да, гледањето на ТВ подолго време во темна или во соба каде што има малку светлина штети на видот. Дали сте приметиле по подолго гледање на вашата омилена серија или филм во темна соба ви изгледа дека ТВ екранот пропаѓа во ѕидот ? Или дека по долго гледање во темница кога ке ги светнете вашите светлики на вашите очи им треба неколку секунди да се прилагодат при што кај некои може да се појават главоболки,вртоглавица и сл. Па поради тоа ве советуваме да ставете констатно амбиентално светло позади ТВ со едноставно вградување на ЛЕД лентата.
За повеќе идеи како да вградите лед лента позади вашиот ТВ кликнете овде.

4. Одбележување на декоративни панели или фигури на вашиот ѕид
Доколку не сакате или не планирате да вградувате силно лед осветлување на целиот ѕид или вашиот таван можеби најдобро е да размислите за дискретно освтелување на делови од вашиот ѕид или форми доколку ги имате на него. Се што треба да направите е претходно да испланирате и оставите простор позади фигурите или декоративните панели кои ги имате за ставање на лед лента. Едноставно решение со кое ќе добиете апсолутно прекрасни резултати.
За повеќе идеи како да го направите вашиот ѕид со лед лента кликнете овде.

5.Правилно поврзување
Без разлика дали ќе се одлучите да вградите лед лента во вашите домови или некое друго осветлување,речиси секогаш го имаме проблемот со кабли и жици.Постојат повеќе решенија за овој проблем како убаво планирање каде и како ќе ги скриеме или пак да се определите за еден вид конектори или декоративни приклучоци кои каблите ке ги претворат во детал кој се вклопува во вашиот простор.
Сега кога ги имате нашите предлози како да го направите вашиот дом поубав и поелегантен со користење само на лед лента се надеваме дека ке ги следите советите и ке се одлучите да вградите лед лента по примерите кои ги имаме дадено или пак уште подобро икористете ја вашата имагинација и креативност и експериментирајте со лед лентата па може ке добиете уште подобри резултати.
овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови:ЛЕД лента, led lenta, дизајн,лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalici, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica, se za doma, osvetluvanje, dnevna soba, terpezarija, spalna, kujna, dizajn.