Ако мислите дека трендовите за осветлување најчесто се краткотрајни, или пак, имаат тенденција да бидат премногу чудни и не вреди да се инвестира во нив, размислете повторно. Тредновите не служат само како показател на што е модерно во светот на осветлувањето, но и како треба да се имплеметнираат со користење на нашата креативност и иновативноста во дизајнот. Како што навлеговме во 2017 година, имаме актуелни трендови за осветлување со кој ќе ви помогнеме да го одбележите дизајнот на вашиот дом, вклучувајки го најдоброто што е на располагање во светот на осветлувањето.
1. Винтаж и индустриски лустери
Внатрешното осветлување со индустриски и винтаж стил е веќе во мода подолго време и е популарно како никогаш до сега, па се очекува овој тренд да продолжи и во 2017 година. Се користат индустриски тела кои се дизајнирани да се рефлекрира светлината во надолна насока, Винтаж лустери направени од метал, дрво, јаже и дури некои брендови нудат лустери од бетон.Овој тренд може лесно да се вклопи во модерниот и современиот стил, и да изгледа преубаво во вашиот дом.
2. Се враќа модерниот стил
Во оваа година се навраќаме на модерниот стил и неговите прави линии и смирувачки, минималистички форми. Познатите светски дизајнери велат дека, трендот на модерниот дизајн од 20тиот век се уште силно се употребува. Една од подобрите работи на модерниот дизајн од 20-тиот век е што модерните осветлувачки тела се безвременски и покрај другите стилови, не исчезнуваат.
3. Минималистички ЛЕД лустери
Средините со модерен и современ дизајн естетски имаат единсветни барања кога е во прашање осветлувањето. Ако овој стил е вашиот избор, тогаш ќе ви се допаднат новите трендови во ЛЕД осветлувањето. Водечките компании кои сакаат да ја заштедат енергијата, бираат ЛЕД осветлување во комбинација со модерниот стил за нивните простории. Ова е особено важен тренд, како што е и клучен показател кон правецот по кој се движи иднината за осветлувачки дизајн.
4. Луксузирајте се со злато !
Дизајнерите за осветлување и нивните клиенти ја заживеаја нивната љубовна врска со златото. Ќе се забавувате со златниот изглед кој нуди топлина и длабочина во вашиот дом. Добрата работа за златото во внатрешниот дизајн е што може да се меша и со други метали, како што се сребро и бронза, со кои ќе се добие совршен, слоевит изглед. Производителите на осветлување навистина се впуштаат во златните декорации, па знаете дека ќе имате преголем избор за вашиот дом.
“Златото не бега никаде. Всушност сега е побаран од било кога. Среброто не е во мода. Овој тренд ќе трае 7-10 години, па почнете да инвестирате сега.” – Гери, светски познат внатрешен дизајнер.
5. Не заборавајте ги штековите и прекидачите
Доколку во моментов не обрнувате внимание на штековите или прекидачите, тие имаат клучна улога во дизајнот на вашиот дом. Со нивна помош може на суптилен начин или драматично да се охрабри дизајнот на вашиот дом. Трендот моментално е минималистички и впуштете се кон бели, сиви, или хром штекови со кои ќе се диктира софистицираност.