Сега кога веќе прегоруваат вашите обични или штедливи (неонски) светилки треба да размислувате да ги промените со LED сијалици.
LED сијалиците се познати по тоа што имаат неверојатно долга трајност и се нај економски исплативи сијалици што постојат. Во изминатите години LED сијалиците имаат напреднато повеќе од било кој друг вид на осветлување во светот и секако се моментално најпродавани светилки на пазарот и тоа не само кај нас туку и во целиот свет. Но пред да се одлучите за вградување на LED светла во вашиот дом најдобро е да ги знаете овие 5 нешта за LED сијалиците.
1. Лумени,а не вати !!!
Заборавете се што знаете за обичните или неонските светилки, ватажата кај LED сијалиците е речиси НЕБИТНА.
Досега кога купувате сијалици секако првата работа што Ве интересира е нивната ватажа (јачина и потрошувачка), но кај LED сијалиците јачината на светлината се интрепретира на сосема друг начин. Спротивно од општото мислење ватажата не е показател за јачина на светлина туку е показател на потрошувачката на електрична енергија која ја конзумира вашата сијалица. На пример да споредиме една обична сијалица што дава светлина и троши 60w истата светлина од LED сијалица ќе ја добиете ако одберете светилка која троши од 8-10w во зависност од прозводителот и брендот на сијалицата, но за да не мора се да пресметувате кога ќе купувате LED сијалици едноставно прашајте или побарајте од продавачот колку ЛУМЕНИ има сијалицата која ви ја нудат. Лумените (lm) е реалната мерка за тоа колку светлина дава сијалицата и тоа е се што треба да ве интересира!
Еве една табела според која може да се ориентирате во пресметката вати во лумени:
2. Изберете ја правилната боја на светлина
Обичните сијалици се знае имаат топло жолта боја на светлина, кај LED сијалиците имате можност да изберете каква боја сакате за вашиот простор.
Како што напоменавме со LED светилките можете да изберете различна боја на светлината во вашиот простор. За вашиот дом најчесто се избираат популарните топла бела, дневна бела и ладна бела светлина. Бојата на светлината на сијалиците се мери во Келвини и колку пониска е вредноста толку пожолто свети, а колку е повисока свети поладно бело. Еве една фотографија на која јасно се гледаат нијансите на најпопуларните бои на светлина кај сијалиците.
3. Ќе платите поскапо за LED сијалици одколку за обични.
LED сијалиците се како хибридна кола, поефтини кога ги користите, но поскапи однапред од обичните коли.
Доколку се решите да купите и ги промените сијалиците во вашиот дом не може да очекувате дека веднаш ќе заштедите вреќа пари туку гледајте на тоа како долгорочна инвестиција. Да, LED светилките се поскапи, но за среќа големата конкуренција на пазарот за осветлување доведе до снижување на цените на LED сијалиците која ги прави достапни речиси за сите.
LED светилките ќе се исплатат во тоа бидете уверени! Во меѓувреме уживајте во долготрајноста на сијалиците, во пониските цени за електрична енергија доколку ставите LED во целиот ваш дом или деловна просторија. Со помош на тоа, ги заштитувате Вашите лустери со користење на LED сијалици кои не емитуваат голема топлина.
4.Постојат и dimmable LED сијалици
Поради изработката на струјните кола во самите сијалици, не сите LED сијалици работат на потенциометар, но постојат и такви за кои мора да се нагласи доколку сакате така да ги користите.
Повеќето потенциометри (Димери) на нашиот простор се направени и дизајнирани да се користат со обични сијалици, но тоа веќе нема да е проблем при користењето LED сијалици на вашите лустери. Се што треба да направите е да побарате Dimmable LED светилки или да побарате потенциометар кој е направен за користење на LED сијалици.
5. Не сите светлечки тела треба да работат со LED сијалици !
Како што е познато LED сијалиците не греат кога работат туку се ладни светилки, но тоа е само делумно точно. LED сијалиците се загреваат, но поради систем кој е вграден во дното на сијалицата топлината се извлекува надвор и така самата сијалица останува ладна.
Токму заради тоа, не сите лустери или светлечки тела треба да се со LED сијалици и заради тоа може да не траат долго време. Нив не треба да ги користиме во целосно затворени лустери или други расветни тела поради самиот факт дека доколку се користат во целосни затворени тела нема каде да оди топлината која се испушта од самата сијалица и таа и наштетува на LED светилката и придонесува до побрзо оштетување на сијалицата.
Затоа добро планирајте во што ќе ставите LED осветлување за да не се соочите со вакви проблеми.
Се надеваме дека овој текст ќе ви помогне правилно да изберете ЛЕД осветлување за вашиот простор. Следете не за повеќе стручни и ефикасни совети како најдобро да го постигнете тоа што го сакате во врска со осветлувањето и слободно споделете ги нашите текстови со вашите пријатели на социјалните мрежи.
овој текст е објавен во категоријата совети и едукација за правилно осветлување и ги користи следниве клучни зборови: лед осветлување, лед сијалици, лед ламби, лед, лустер, лустери, продавница за осветлување, led osvetluvanje, led lambi, led sijalicki, luster, lusteri, prodavnica za osvetluvanje strumica,